Истрагата за силување против Калум Ходсон-Одој е прекината, откри напаѓачот на Челси.

19-годишниот Одој беше уапсен на 17 мај со обвинение за силување, а подоцна беше ослободен под гаранција. Англискиот репрезентативец соопшти, дека полицијата нема да го истражуа дополнително случајот.

„Молчев и и помагав целосно на полицијата за време на истрагата, бидејќи знаев, дека наскоро ќее дојде денот, во кој моето име ќе биде исчистено. По детална истрага полицијата потврди, дека нема да превзема дополнителни дејствија“, напиша Ходсон-Одој на Твитер.

Од полицијата потврдија: “Мажот, уапсен во недела, 17 мај, заради обвинение за силување, е ослободен без дополнителни дејствија”.

Во март Ходсон-Одој беше болен од Covid-19. Тој беше еден од првите заразени со коронавирус во Премиерлигата.