Повеќе од 50 фудбалери од елитните тимови во Англија може да одбијат да ги играат мечевите, откако сезоната ќе се рестартира, бидејќи тие сметаат дека не е доволно безбедно за здравјето да вратат на теренот. 

Британскиот весник Miror пишува, дека еден од клубовите веќе ги соопштил ваквите ставови на своите фудбалери.

Според информациите, во секој тим има по два-три играчи, кои се плашат да се вратат кон нормалните активности.

Фудбалерите се исплашени не толку за своето здравје, колку за здравјето на своите семејства, дополни изданието.