Тимовите на СПАЛ и Парма објавија дека играчите нема да продолжат со тренинзи во понеделник, и покрај тоа што добија зелено светло од тамошните власти.

“Активноста на првиот тим ќе остане прекратена, додека го чекаме здравствениот протокол и правилата за враќање на спортските натпреварувања”, изјавија од СПАЛ.

Позицијата на Парма е иста. Раководството соопшти дека исчекуваат протокол, кој ќе биде подржан од сите, пред да започнат повторно со групни активности.