Понежните половини на играчите од стартниот состав на Ростов го изразија своето незадоволство кон Сочи по поразот од 1:10 во мечот од 23-тото коло на Премиер лигата.

Ростов, излезе на теренот со момци од тимот под 20 години, заради шест позитивни теста за коронавирус, и тие фудбалери беа ставени под карантин.

Мечот предизвика многу реакции во Русија највеќе заради инатот на Сочи мечот да се одигра независно од условите.
“Ги поздравуваме победниците од Сочи”, напиша сопругата на првиот голман на Ростов Сергеј Песјаков, Ксенија под сликата, на која заедно со саканата на Алексеј Јонов – Јана и жената на тренерот Валерий Карпин – Дарија, мавтаат со средниот прст пред објективот.