Наш редовен типувач од Струга го има топ-тикетот за денес откако викендов погодил 16 парови и си доби речиси 11.500 евра. Само со 20 денари влог, типувачот доби 708.041 денар, со најстандардната и едноставна комбинација.

Сите 16 парови се конечни типови „кец“ или „двојка“, а повеќето од дуелите немало неизвеснот што на типувачот му дало сигурност дека ќе биде добитен, но сепак има еден дуел кој може да се издвои дека предизвикал нервоза и грицкање нокти до самиот крај.

Во белоруискиот шампионат Немен триумфираше со минимални 1-0 против Ислоч Минск со погодокот на српскиот фудбалер Зоран Марушиќ во 90-тата минута од натпреварот, по што славењето во Струга можеше да почне.

Инаку на тикетот има неколку сигурни типови, како Челзи, Лестер, Севилја, Стоук и Зенит, како и Реал Мадрид, кој се мачеше на гостувањето кај Атлетик Билбао сè додека Серхио Рамос не погоди од пенал на петнаесетина минути до крајот.