Членот на македонската репрезентација, Стефан Спировски ја прифати понудата за двегодишна соработка со кипарски АЕК Ларнака.

Спировски во кариерата настапуваше во Пелистер, Работнички, Вардар, Борац Чачак, Берое, Ференцварош.

За македонската репрезентација има одиграно 31 натпревар и 1 гол.

Во Ларнака настапуваат и македонските интернационалци Иван Тричковски и Даниел Мојсов.