Напаѓачот на Евертон, Мојс Кин ќе биде соодветно санкциониран поради организација на луда забава, нарушувајки ги мерките за социјална изолација во Англија. 

Англиските медиуми известија дека младиот Италијанец организирал голема забава со танчерки и алкохол и покрај забраната за групни собири за време на пандемијата од коронавирус. Грубиот прекршок нема да помине и без финансиска санкција. 

Според “The Sun” “карамелите” ќе го казнат Кин со две неделни плати, во вкупна вредност од 160 илјади фунти. 

Инаку напаѓачот игра незадоволителна дебитантска сезона во Премиерлигата, бидејќи бившиот напаѓач на Јувентус има само 1 гол во 26 меча.