Во својот текст, посветен на спортските ѕвезди, кои донираат пари за борба со коронавирусот, веднаш до фотографијата на тенисерот Роџер Федерер стои слика двојникот на Меси наместо вистинска на играчот на Барселона.

Во текстот се информира дека Лео Меси донирал 1 млн. евра на болница во Барселона и медицински центар во Аргентина.

Благодарение на својата сличност со Меси, Реза е многу познат во Иран, а има многу фанови низ целиот свет. Тој стана исклучително популарен во 2017 г., откако направи фотка во дрес на Барселона и ја испрати на спортски сајт. Подоцна Парастеш доби специјална покана од раководството на Барселона и присуствуваше на мечот на “Ноу Камп” против Малага.