Кина беше земјата од каде започна пандемијата со опасниот Коронавирус. Поради тоа, во Кина беше одложен стартот на фудбалското првенство, кое требаше да започне на 22 февруари. По стивнувањето на Коронавирусот во најнаселената земја во светот беше најавен старт на фудбалските возбудувања. Сепак, од кинеската фудбалска федерација најавија дека не е на повидок започнување на првенството.

Првично беше одлучено првенството да започне кон крајот на јуни, но сега стартот е одложен најрано за средината на средниот месец. Во изминативе неколку дена, во Кина повторно се зголеми бројот на заразени од Коронавирусот и веќе е започнат „вториот бран“ на опасниот вирус.

За разлика од Кина, во Европа фудбалот се врати во најголем дел од земјите и се очекува да финишира во предвидениот нов термин.