Скрининг тестовите на учениците наместо неделава, се одлага за идната недела. Неделава само ќе се барало согласност од родителите за спроведување тестирање на учениците за коронавирус.

–Моделот за скринингот е готов. Задоцнивме една недела. Требаше да започне оваа недела, но подолго траеше анализата во училиштата. Со оглед дека сега е спремна методологијата, од утре ќе бараме согласност од родителите. Верувам дека до почетокот на следната недела тоа ќе се обезбеди и ќе се спроведе скринингот. појасни министерот Филипче.

Притоа, апелираше до родителите да го прифатат скринингот. Како што рече, не е за стравување бидејќи сега епидемиолошката ситуација е прилично мирна, немаме хоспитализирани деца, 10-15 има во болницата во Козле и во ниту една друга институција. Притоа додаде дека нема податоци за трансмисија во училиштата, но дека е важно е да знаеме дали ќе откриеме асимптоматски случаи.

Инаку, Комисијата за заразни болести до Владата предложила нова мерка, односно влез во затворени простории да им се дозволи само на оние кои имаат примено две дози на вакцина, наместо како што беше досега, со една доза.

–Во однос на дополнителната мерка, ќе дискутираме во штабот во Владата, следната недела. Согласно препораките на Комисијата за заразни болести, ќе оставиме една-две недели дополнителни, со оглед на тоа што е најавено за да почне да важи препораката за во сите затворени места, наместо со една, да биде потребен сертификат со две дози вакцина, рече Филипче.

Лајкнете ја нашата страна на Facebook ТУКА