ФК Силекс за утре има закажано тестирање на Ковид-19, и ако се биде како што треба во понеделник на 22 јуни, фудбалерите кои се под договор со кратовскиот прволигаш треба да се јават на прозивката на тренерот Горан Симов.

Прво заслување засега на кратовци е голгетерот Пепи Ѓоргиев.

Ѓорѓиев со Силекс летово го очекуваат европски натпревари, но сеуште не се знае дали кратовци ќе играат во квалификациите за Лига Европа или квалификации за Лигата на шампионите доколку Вардар и дефинитивно не добие лиценца.