Светската здравствена организација информираше дека коронавирусот можеби никогаш нема да не исчезне. Експертите набројаа редица вируси, како на пример вирусот ХИВ. Тој се појави пред еден век и ниту исчезна, ниту беше откриена вакцина против него.

Од СЗО потсетија дека има и вируси за кои е најдена вакцина, но продолжуваат да се појавуваат меѓу луѓето. Досега регистрирани случаи на COVID-19 во светот се 4,3 милиони, а починали се близу 300 илјади.

Глобалната пандемија го парализираше и спортот. Сите првенства во светот беа прекинати, а Европското првенство во фудбал и Летните олимписки игри во Токио кои требаше да се одржат ова лето, беа пренасочени за следната година.

Сепак состојбата започнува да се нормализира, откако германската Бундеслига ќе започне повторно овој викенд, но без публика на трибините.