Португалското фудбалско првенство ќе биде рестартирано на 3-ти јуни со мечот меѓу Портимонензе и Жил Висенте, соопштија од тамошната фудбалска лига.

Еден ден подоцна, на 4-ти јуни на теренот ќе истрча и македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски во дресот на Спортинг Лисабон, кој ќе гостува кај Гимараеш.

Португалското првенство, како и речиси сите фудбалски шампионати во целиот свет беше прекинато во средината на март заради пандемијата од коронавирус.