Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, сер Алекс Фергусон ќе се врати на работа во клубот.

80-годишниот Шкотланѓанец ќе стане дел од група од експерти, кои ќе му помагаат на извршниот директор Ричард Арнолд. Во групата влегуваат уште бившиот извршен директор Дејвид Гил, бившиот капитен на “црвените ѓаволи” Брајан Робсон и спортскиот директор Џон Мерто.

Четворицата ќе му помагат на Арнолд по многу прашања, меѓу кои реконструкцијата на “Олд Трафорд” и односот меѓу клубот и фановите. Првата заедничка иницијатива им била средбата со Кристијано Роналдо во базата во Карингтон во вторникот, на која се обиделе да го убедят да остане во тимот.

Лајкнете ја нашата Facebook страна ТУКА