Во 2013 година легендата сер Алекс Фергусон ги договорил Кристијано Роналдо и Герет Бејл за трансфери од Реал Мадрид и Тотенхем во Манчестер Јунајтед. Ова го откри бившиот бек на “црвените ѓаволи” Патрис Евра.

Договорот одеднаш пропадна, а две недели подоцна Шкотланѓанецот го објави своето пензионирање. “Дваесетина дена порано медиумите пишуваа, дека ќе се пензионира. Дојде кај мене и ми кажа: “Патрис, нема да си заминам. Ќе бидам тука уште десет години”. И потоа додаде: “На 99% проценти сум сигурен, дека ќе потпишам со Кристијано и Бејл. Имам потреба само од тие два играчи, за да ја освоиме Лигата на шампионите повторно”.

“И за да бидам чесен, кога разговарав за тоа со Роналдо, го прашав. Потврди ми, дали кажал “да” на сер Алекс и дали планира да се врати во Јунајтед. Но после Фергусон објави дека се пензионира, зошто и е потребен на сопругата”, кажа Евра. 

Накрај Роналдо и Бејл се фузираа заедно во Реал и со “Кралевите” ги освоија сите најголеми трофеи на клупско ниво, вклучувајќи тука и четири трофеи од Лигата на шампиони. Велшанецот продолжи да игра на “Бернабеу” и повторно е поврзуван со Јунајтед. Кристијано пак блеска во дресот на италијанскиот гигант Јувентус.