Бившиот претседател на ФИФА Сеп Блатер изјави дека организацијата на Светското првенство во 2022 г. може да биде дадено на САД или друга развиена држава. Причината е обвиненијата за корупција во светската фудбалска централа.

Организацијата на првенството во 2022 г. го доби Катар, а во 2018 г. се одржа во Русија. И кон двете држави имаше обвиненија за начинот на кој ја добија кандидатурата.

Во интервју за “Билд” Блатер, кој исто е обвинет за корупција и е казанет со забрана за било каква активност во фудбалот за период од шест години, наброја неколку држави кои можат за краток период да организираат СП.

“Германија може да го направи тоа, но тоа би се сметало како Светското првенство пак да е во Европа по 2018 г. Најверојатно Европа нема да е првият избор. САД можат да го направат тоа сега наместо во 2026 г. Тие се способни, тоа не е висока наука. Јапонија исто може да го направи добра организација. Тие беа еден од кандидатите за првенството во 2022 г.”, искоментира Блатер.

“За среќа СП во 2022 г. ќе има само 32 репрезентации, а не 48, како што беше планирано. Организацијата нема да биде поголема од таа во 2018 г.”, дополни тој.