Германскиот гигант Баерн Минхен влегува во покерот за правата на Едуардо Камавинга, тврди весникот “Екип”.

На крај на месец мај се сметаше дека 17-годишниот фудбалер од средниот ред го избрал Реал Мадрид пред Ливерпул, Барселона, Јувентус, Борусија Дортмунд и ПСЖ.

Засега Рен не добил официјална понуда од “белиот балет” за тинејџерот, иако се смета дека тренерот на Реал, Зинедин Зидан е негов фан.

Интересно е дека во договорот на Камавинга нема тклауза за откуп и неговата иднина зависи целосно од Рен.

Камавинга дебитираше за Рен на 16-години. Младиот играч е роден во Ангола, но од 2-годишна возраст живее во Франција. Неговата цена е околу 70 милиони евра.