Раководството на Реал Мадрид ќе направи хуман гест и својот стадион “Сантијаго Бернабеу” времено ќе го преадаптира во склад за подароци и опрема и лекови во борбата со коровнавирусот. 

Кризата во шпанската престолнина Мадрид е во полн ек, а спортското здание ќе биде искористено како крајна точка за сите достави на заштити средства и лекарства во градот. 

Материјалите кои ќе се собираат на стадионот ќе бидат прераспределени кон шпанските здравствени органи со цел максимално ефективно искористување на средставата.

Шпанија е втората најзасегната држава во светот, бидејќи од почетокот на пандемијата има 3400 починати.