Селекторот на Холандија, Роналд Куман бил примен во болница, откако се пожалил на болки во областа на градниот кош. 57-годишниот тренер е во добра сосотојба, соопшти неговиот агент.

Тој бил однесен со брза помош во болница во Амстердам, каде му била направена катетеризација. Процедурата се користи за дијагностицирање на срцево-садови заболувања.

Се очекува уште утре Куман да биде пуштен на домашно лекување. Во изјавата на менаџерската агенција се дополнува, дека тој ќе има потреба од неколку дневен одмор.