Големата ѕвезда на Јувентус – Кристијано Роналдо, се вклучи во борбата против коронавирусот, кој е на пат да го блокира целиот свет.

Португалскиот репрезентативец објави дека своите хотели ги претвора во времени болници. Лекувањето ќе биде бесплатно за луѓето, зошто самиот Кристијано ќе ги превземе сите трошоци како купување на тестови, маски, специјална облекла и плакање и на самите лекари.

Пред неколку дена Роналдо на социјалните мрежи ги советуваше луѓето да седат дома и стриктно да ги следат инструкциите, за да полесно светот се справи со новонастанатата ситуација.