Бившиот клупски колега на Кристијано Роналдо во Јувентус – Мехди Бенатија упати низа на пофалби на адреса на Португалецот. 

“Роналдо е апсолутниот број 1 како фудбалер и како човек. Тој е многу интелигентен на теренот и вон него. Неговиот мозок работи побрзо во споредба со сите останати. Среќен сум, што сум негов пријател”, искоментира Бенатија. 

Бенатија го напушти Јувентус во јануари минатата година и се пресели во катарски Ал-Духаил.