Големата ѕвезда на италијанскиот шампион Јувентус, Кристијано Роналдо доцна синоќа слетал во Торино со личен авион, а веста ја пренесе новинарот Џовани Албанезе.

Португалецот требаше да помине две недели во самоизолација и го стори тоа во родната Португалија, но сега веќе се врати на италијанско тло.

Роналдо ќе продолжи да се подготвува во домашни услови, но се очекуава клубовите од елита на Италија да ги обноват тренинзите на 18-ти мај. 

Сите информации одат во правец дека првенството ќе се рестартира пред следниот месец.