Бившиот напаѓач на Ривер Плејт и ПСЖ Мартин Кардети смета дека во најдобрите години Роналдињо бил подобар од суперѕвездата на Барселона Лионел Меси.

44-годишниот Аргентинец Кардети имаше среќа да игра со Бразилецот во Париз во сезоната 2002/03.

“Како тренер би го зел во мојот тим Роналдињо во најдобрите години, отколку Меси. Поминав една година со Роналдињо, кој е различен фудбалер. Тој е допрен од Бога”, изјави Кардети за Crack Deportivo.

“Тој секогаш се забавуваше. На тренинзите практикуваше постојано некакви нешта, кои ги употребуваше за време на мечевите. Секој негов чекор беше невиден, различен од вообичаените.”

“Футбалери како Роналдињо се појавуваат многу ретко и остануваат во историјата. Горд сум, што бев клупски колега со таков играч”, дополни Кардети.