Голманот на Јувентус, 42-годишниот Џанлуиџи Буфон, вчера постави рекорд по број на настапи во италијанската Серија А, подвиг на кој беше решен да го оствари кога се врати од ПСЖ во Јуве. Целта на Џиџи беше да го надмине бројот на настапи на сега веќе екс рекордерот Паоло Малдини, и успеа во тоа. Со 648 меча, Буфон е нов рекордер во Италија, а има договор со Јуве и за следната сезона, па може уште повеќе да се доближи до феноменалната 700-ка, која сепак делува недостижна.

Што се однесува до рекордерите во Топ 5 лигите во Европа, неприкосновен рекордер е англискиот голман Питер Шилтон. Легендата бранеше неверојатни 30 години, и најголем дел од тоа беа мечеви во најсилното англиско првенство. Шилтон бранеше на дури 849 меча во англиската прва лига.

Во Шпанија, рекордер е Андони Зубизарета со 622, во француската лига рекордер е Микаел Ландро со 618 меча, додека во Германија, прв е Карл Хајнц Кербел со 602 настапи