Голманот на Астон Вила, Пепе Реина мисли дека бил заразен со COVID-19, но не направил тест, зошто според него во Великабританија се следат само потешките случаи. Информацијата е доста чудна, ако се има предвид дека досега неколку клуба ги тестираа сите играчи по пројава на први симптоми кои наликуваа на тие при зараза со коронавирус. 

“Минатата недела ги имав сите симптоми на коронавирус. Тоа беа тешки денови. Ги презедов сите мерки, за да не ги заразам луѓето што живеат со мена. Тука во Англија, тестови се прават само ако си многу болен. Откако зборував со лекарите, дознав дека ги имам сите симптоми, но нема никаква официјална потврда дека сум бил болен од COVID-19. Сега сум добро, но беше многу тешко, како да ме прегазил камион. Ние фудбалерите сме привилигирани. Лесно е да останеш во изолација во куќите, во кои живееме. Херои се оние кои живеат со три деца во апартамани од 70 кв.м.”, изјави капитенот на Астон Вила за шпанското радио Cadena Cope.