Раковотството на кралевите се залага за нова трансферна политика во Реал Мадрид со почеток од ова лето.

“Кралскиот клуб” нема да купува скапи играчи, а ќе си врати во своите редови некои од позајмените играчи, тврди АС.  

Тоа се Ашраф Хакими од Борусија Дортмунд, Дани Себајос од Арсенал, Мартин Одегар од Реал Сосиедад и Такефуса Кубо од Мајорка.

Четворицата сезонав се покажаа одлично во екипите, каде беа пратени да се докажуваат и шефовите на Реал сметаат дека веќе можат да се интегрираат во првиот тим на мадриѓани. 

Во исто време Реал Мадрид ќе се обиде да продаде други четири фудбалери од актуелниот состав. Герет Бејл, Лукас Васкес, Хамес Родригес и Маријано Диас не влегуваат во плановите на Зинедин Зидан. Додека многу е веројатно под наем да бидат пратени Андриј Лунин, Лука Зидан, Алваро Одриосола, Хесус Валехо, Серхио Регијон, Оскар Родригес и Борха Мајорал.