„Реал“ Мадрид ќе ги одигра сите останати домашни мечеви до крајот на сезоната на стадион за 6000 луѓе.

Сеуште не се знае кога мечевите во Примера дивизион ќе се рестартираат, но кога тоа ќе се случи „кралевите“ ќе ги пречекаат ривалите на арената „Алфредо ди Стефано“ во мадридско предградие. На тој начин ќе може да се продолжи ремонтот на 80-илјадниот „Сантијаго Бернабеу“.

Едно е сигурно мечевите во Шпанија ќе се играат пред празни трибини. А Реал има мали шанси да се пласира во наредната рунда во Лигата на шампионите. Дома „кралевите“ загубија со 1:2 од „Манчестер Сити“ во првото осминафинале, а реваншот уште не е одигран.