Раководството на Реал (Мадрид) планира да активира две “трансфер бомби” со купување на Ерлинг Холанд од Борусија (Дортмунд) и Пол Погба од Манчестер Јунајтед.

Според медиумите во Шпанија гигантот од Мадрид нема да штеди средства за нови засилувања, и тоа веднаш во летниот трансфер период, кога и да биде тој.

Ситуацијата со COVID-19 во цел свет во моментов е неконтролирана и се очекува да има сериозни промени и во фудбалот. Трансфер периодот пак ова лето нема да биде отворен како вообичаено.

Сеуште не е познато какви цифри ќе извадат на маса “кралевите” за двајцата, но со оглед на кризата заради запирањето на првенствата белиот балет може да ги земе по доста пониски цени од оние кои претходно ги определија нивните тимови.