Реал Мадрид му поставил ултиматум на Арсенал да донесе решение за иднината на својата ѕвездата Пијер-Емерик Обамејанг до 15-ти јуни. 

Габонецот има уште една година и седум месеци од договорот со “топчиите” и засега не се гледаат намери тој да потпише нов договор со клубот. Интерес за бомбардерот има од еден куп гиганти, меѓу кои и Реал и Барселона, кој сакаат да го видат во своите редови. 

“Белиот балет” не сака да чека многу долго. Според изданието “Mirror” тимот сака да знае што ќе реши Арсенал до средината на идниот месец. “Лос бланкос” ја разгледуваат варијантата за размена на Дани Себајос и Обамејанг, но најверојатно ќе треба и да доплатат за расниот стрелец.