Женскиот фудбал во светот своите почетоци ги бележи во Кина, во 3. век пред н.е каде се играла некоја врста на денешниот фудбал. ”Златното време” на женскиот фудбал во Кина било за време на династијата Минг, меѓу 1368. и 1644. година, кога постојале професионални фудбалерки.

Во Европа првите почеци на женскиот фудбал се забележени во Англија. Првиот женски меч се одиграл во 1881. година во Единбург меѓу Шкотска и Англија. За жал, на самиот почеток, но и подоцна низ историјата женскиот фудбал не наишол на одобрување на сите. По првиот меч организиран е и втор во Глазгову, на кој избиле нереди за време на мечот и морала да интервенира и полиција. По ова клубовите наишле на низа недоразбирања од околината, посебно од машката популација и откажувања на веќе претходно закажани мечеви. Во весниците кружела теза дека женскиот фудбал бил со кратог век. Но фудбалерките не сакале да се откажат веќе на првата препрека и успеале да организираат следен меч во Блекбурн. На самиот меч кој завршил со победа на клубот кој се викал Англија од 1:0 присуствувале дури 4000 гледачи и поминал без никакви инциденти. Така се отворил пат за развој на женски фудбалски клубови на Острвот.

Женскиот фудбал стигнува и до Лондон, 1894. година, кога се основа првиот женски клуб ”Бритиш Лејдис Фудбал Клуб”, оснивач на клубот е жена, Нејти Ханибол која меѓу останатото била и борац за женски и детски права. Клубот своите први тренинзи ги одработил на терени кои бие прекриени со кал и небиле погодни за игра, но тоа не ги спречило да играат фудбал. Првиот службен женски фудбалски натпревар во Лондон е одигран во 1895. година меѓу фудбалерки на клубот од Север и Југ. По мечот екипите на Северот и Југот тргнале на турнеја по Острвоот, популаризирајки го женскиот фудбал, а до 1921. година во Англија се основани околу 30-такви клубови кои учествувале во разним куп натпреварувања.

ФС носи одлука дека женскиот фудбал штети на угледот, а женските клубови ги губат правата за користење на фудбалските терени кои се под ингеренција на сојузот. Иритирани од ваквата одлука женските клубови си организираат свој сојуз во Ливерпул во 10.12.1921. година.

Женскот фудбал почнува да се игра на рагби терени, поради забраната за корисење на фудбалските терени. Во 1922 год. е основана лига, односно англиски куп познат под називот ЕЛФА КУП. Паралелно со развојот на фудбалот во Англија, фудбалот се појавува и промовира во нејзините најголеми колонии САД и Канада. Канадските женски фудбалски екипи доаѓаат во Англија и играат натпревари.

Во САД женскиот фудбал започнува да се игра во средината на 20-тиот век. За десетина години основани се женски фудбалски лиги в Италија и Франција.

По Втората светска војна женскиот фудбал почнува да се игра во Норвеша, Шведса и Германија. Норвешка, Шведска и Германија и денес се лидери во организованоста на женскиот фудбал во Еуропа и светот. Полека во органзациските форми им се приближуваат и Јапонија, Бразил, Русија.

Денес под ингеренција на ФИФА постојат неколку натпреварувања во женскиот фудбал, кои се поделени спрема возраста на фудбалерките, и тоа се: Светско првенство за жени, Светско првенство У-20, Светско првенство У-17, Олимписки турнир, Европско првенство за жени, Европско првенство У-19, Европско првенство У-17, како и европско клупско натпреварување – Лига Шампиона за жени.

ФИФА во последните години доста вложува во развојот на женскиот фудбал, и планира за неколку години да го популаризира женскиот фудбал до ниво да биде еден од најпопуларните женски спортови во Европа.