Работнички го подготви планот за пријателски натпревари во текот на летните подготовки.

Во сабота, ден пред заминување на седумдневни подготовки во Охрид, тимот на Ратко Достаниќ ќе го има првиот тест против Македонија ЃП во Ѓорче Петров.

Во недела експедицијата се сели на охридското крајбрежје, каде за 18 јули е закажан пријателски меч со Пелистер.

Третата проверка на формата ќе биде на 24 јули против Шкендија во Тетово, а ден подоцна Работнички ќе тестира против второлигашот Тиквеш.

Генералната проба пред стартот на новиот шампионат во Првата лига е планирана за 1 август, а противникот ќе биде објавен дополнително.