Претседателот на ПСЖ – Насер Ал-Хелафи, изјави дека екипата е подготовена да игра надвор од Франција, откако Лига 1 официјално беше прекината заради пандемијата од коронавирус.

Богаташите се пласирани во 1/4-финалето на Лигата на шампионите, откако ја елиминираа Борусија Дортмунд и се едни од главните претенденти за трофејот.

Заради тоа од ПСЖ се подготови да се доигра сезоната и вон територијата на државата.

“Го прифаќаме решението на француските власти. Во договор со УЕФА ќе учествуваме во последните кола на Лигата на шампионите. Ако е невозможно да играме во Франција ќе играме во друга држава. Ќе им гарантираме на играчите и на сите вработени во клубот целосна безбедност”, изјави Ал-Хелафи за RMC Sport.