Познат фудбалер од Премиерлигата стана татко, но на доста невообичаен начин. Проститутката Кејти Морган објави за медиумите на Островот, дека нејзиното бебе го добило името на таткото фудбалер, но не го кажала името на фудбалерот.

Морган изјави дека веќе е направен тест за татковство, кој докажал кој е таткото. 26-годишната Британка откри дека играчот ја прифатил новината и се радува и ќе превземе одговорност во одгледувањето на својот син.

„Тој беше шокиран кога му кажав дека сум бремена. Не можеше да поверува дека тоа е негово бебе. Но ние имавме секс, иако тој имаше девојка. Во август му кажав дека сум бременна и бев сигурна дека детето е негово. Сега резултатите од ДНК тестот ги потврдија фактите. Тој се согласи да плаќа месечна издршка за детето“, искоментира Кејти.

„Тој е засрамен што некои од неговите клупски колеги беа мои клиенти“, додаде таа, цитирана од “Монитор”. 

Морган додаде дека нејзини клиенти се редица други играчи од англиското првенство. „Двајца англиски репрезентативци му го дале мојот број и ме препорачале. Сум била и со други играчи од Премиерлигата. Сигурна сум дека нашето бебе е зачнато во јули, зошто тој ме најми и дојдов кај него на музички фестивал за викенд. Ми плати 1500 фунти“, додаде таа.

Младата мајка веќе не работи како проститутка, но и покрај тоа заработува пари, демонстрирајки ги своите надарени форми. Таа учествува на онлајн сајт, каде корисниците плаќаат такса, за да ја гледаат во оскудна облека.