Јувентус – Милан, 1/2-финален реванш за Купот на Италија, ст.: “Алијанц Стејдиум”, Торино, почеток: 21.00 часот, 1:1 во првиот меч

Веројатни состави:

Јувентус: Буфон, Сандро, Де Лихт, Бонучи, Гвадрадо, Кедира, Бентанкур, Матуиди, Коста, Роналдо, Дибала
Тренер: Маурицио Сари

Милан: Донарума, Конти, Кјаер, Ромањоли, Калабриа, Бенасер, Кесие, Бонавентура, Пакета, Чалханоглу, Ребиќ
Тренер: Стефано Пиоли

Прогноза на transfermarket.mk:

Фудбалот во Италија се враќа! И тоа со дерби. Јувентус против Милан во 1/2-финалниот реванш за Купот. Првата средба на “Сан Сиро” заврши 1:1, што ги прави шампионите фаворити.

Јуве до ремито стигна со гол од спорен пенал на Кристијано Роналдо во 90-ата минута. Сега не е познато во каква форма се наоѓаат двата тима заради принудната пауза од пандемијата од коронавирус.

Лошата вест за гостите е повредата на ѕвездата Златан Ибрахимовиќ, кој сигурно го пропушта мечот. Нападот ќе го поведе Анте Ребиќ, кој пред паузата се наоѓаше во одлична форма и имаше 4 гола на последните 5 меча.

Добрата вест за Јуве е враќањето на Сами Кедира, кој се очеува да биде стартер. Родриго Бентанкур пак ќе го завземе местото на Миралем Пјаниќ, кој се подготвува за трансфер во Барселона или ПСЖ.

Статистиката е на страната на Јувентус. “Бјанконерите” не изгубиле од Милан во 11 меча по ред во сите натпреварувања:  9 победи и 2 ремија.

7-кратниот европски првак на Европа на “Алијанц Стејдиум” има само порази. И според нас црната серија ќе продолжи и вечерва.

Прогноза: Јувентус – Милан 1:0