Селта – Барселона, меч од 32-то коло на шпанската Ла Лига. Стадион “Балаидос”, 17.00 часот.

Тимот на Барселона:
Голмани: Тер Штеген, Нето, Инаки
Дефанзивци: Пике, Умтити, Алба, Ленгле, Семедо, Фирпо, Араухо, Куенка, Морер
Среден ред: Ракитиќ, Артур, Видал, Пуч, Којадо, Мончу
Напаѓачи: Меси, Суарес, Гризман, Брејтвејт, Фати
Повредени: Сержи Роберто, Де Јонг, Дембеле
Казнет: Бускетс

Прогноза на transfermarket.mk:

Шампионите се исправени пред еден од најтешките мечеви до крајот на сезоната од кој зависи титулата сезонава. Во моментов избраниците на Кике Сетиен заостануваат од лидерот Реал Мадрид само заради полошите показатели во меѓусебните дуели.

Во првенството Барса има предност од 61:21 во победи над днешниот опонент, со гол разлика 237:123. Во последните години ситуацијата е сосема различна, особено во Виго.

Селта определено е меѓу малкуте тимови кои не демонстрираат никаков респект кон “блаугранас” и последните резултати се доказ за тоа. При последните пет гостувања тука Барса има две ремија и три порази, со гол разлика 13:7).

Од последната каталонска победа на “Балаидос” поминаа повеќе од пет години, а и тогаш победата беше мачна. Жереми Матије беше автор на единствениот гол во 73-ата минута, а на теренот беше се триото MSN (Меси, Суарес и Нејмар).

Барселона не е убедлива по рестартирањето на сезона, а единствен добар показател се петте меча без примен гол по ред, што се случува прв пат на тимот сезонава. Селта е “бетон” во одбрана со 6 меча без примен гол во последните 7 кола.

Барселона сепак постигнала по два гола во 8 од последните 10 меча со Селта. Денес очекуваме изедначен меч и многу тешка победа на гостите.

Резултат: Селта – Барселона 1:2