НаполиИнтер, меч од 1/2-финалето на Купот на Италија, ст.: “Сан Паоло”, 1:0 во првиот меч, почеток: 21.00 часот.

Веројатни състави:

Наполи: Оспина, Руи, Максимовиќ, Манолас, Ди Лоренцо, Деме, Жиелински, Руис, Кајехон, Мертенс, Милик
Тренер: Џенаро Гатузо

Интер: Хандановиќ, Бастони, Де Фрај, Шкринијар, Бираги, Барела, Ериксен, Брозовиќ, Моузес, Мартинес, Лукаку
Тренер: Антонио Конте

Прогноза на : transfermarket.mk

Наполи и Интер во борба за место во финалето за Купот на Италија, кое ќе се одигра на 17 јуни. Таму противник ќе биде Јувентус.

Наполитанците ја добија првата средба на “Џузепе Меаца” со 1:0, што им дава предност. Голот го постигна Фабијан Руис, а Интер го заврши мечот со три напаѓатечи и плејмејкер, но и така не го загрози Давид Оспина.

Се очекува Џенаро Гатузо да ги стави во нападот Дрис Мертенс, Хосе Кајехон и Аркадиуш Милик, кој изненадувачки е поврзуван со трансфер во Јувентус.

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, својата шанса ќе ја чека од клупата за резервни фудбалери.

Антонио Конте нема да го изневери омилениот систем 3-5-2. Кристијан Ериксен ќе стартува зад ударното дуо во нападот Ромелу Лукаку – Лаурато Мартинес, познати како Лу-Ла. Данскиот репрезентативец сеуште не покажал најдобра форма, и не е познато во каква состојба ќе биде сега заради принудната пауза заради пандемијата од коронавирус.

Последната средба меѓу двата тима на “Сан Паоло” беше на 6 јануари во Серија “А”. Интер славеше со 3:1 и сега ќе се обиде да го повтори резултатот. Нашата прогноза е дека нема да има победник и дека Наполи ќе игра финала.

Прогноза: Наполи – Интер 1:1