Мајорка – Барселона, натпревар од 28-то коло на шпанската Ла Лига. Стадион “Сон Мош”, 22.00 часот.

Барселона:
Голмани: Тер Штеген, Нето, Инаки
Дефанзивци: Пике, Умтити, Алба, Роберто, Семедо, Фирпо, Араухо
Среден ред: Бускетс, Ракитиќ, Артур, де Јонг, Видал, Пуч, Којадо, Мончу
Напаѓачи: Меси, Суарес, Гризман, Брејтвејт, Фати
Казнет: Ленгле
Повреден: Дембеле

Прогноза на transfermarket.mk:

Тренeрoт на шампионите Кике Сетиен ќе има на располагање 23 фудбалери, и тоа е најголемата група во историјата на клубот. Причината е долгиот одмор заради коронавирусот и затоа што тимовите ќе имаат право на 5 замени за време на меч.

По 98 дени принудна пауза Лео Меси и компанија имаат едно лесно на хартија гостување, но не треба да заборавиме дека Мајорка која е во зоната за испаѓање игра добро дома, каде ги освои 80% од сите бодови сезонава.

Каталонците имаат добри спомени од мечевите на теренот на овој ривал, освојувајки 10 од последните 11 гостувања. Ако ги броиме и мечевите во Барселона, шампионите се во серија од 6 победи по ред против овој опонент, постигнувајки просечно по 4 гола на меч. Есента мечот на “Ноу Камп” заврши со убедливи 5:2.

Големиот проблем на Барса сезонава е што Мајторка е домашен тим, бидејќи на гости освоил едвај 18 од своите 58 бодови. Во последните пет гостувањаи “блаугранас” имаат само една победа и не се чувствуваат комфортно далеку од дома.

Евентуален кикс на Барса вечерва ќе биде сериозен удар за амбициите на каталонците и ние сметаме дека сепак тие ќе слават на Балеарските острови.

Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски се очекува да биде на клупата на Мајорка.

Резултат: Мајорка – Барселона 0:2