Манчестeр СитиАрсенал, одложен меч од Премиерлигата, стадион „Етихад“, 21:15 часот, судија Ентони Тејлор

Повредени кај Арсенал: Тореира, Чејмберс

Прогноза

По 3 месеца принудна пауза, во деновите во кои требаше да се играат мечевите од Европското првенство, европските клубови ќе ги доиграат сезоните во необичаено време во текот на летото. 

Затоа се јавуваат многу прашања во однос на формата на тимовите од Премиерлигата, која ќе се рестартира со два одложени меча, вториот од нив е сериозно дерби – Манчестер Сити – Арсенал. 

Пеп Гвардиола веќе изрази сомнеж, дека тимовите нема да се подготвени, но сепак сезонаа треба да биде завршена. Тоа што Граѓаните можат да го направат е само да ја одложат пославата на Ливерпул бидејќи заостануваат огромни – 25 бода. 

Второто место исто изгледа гарантирано, иако предноста пред Лестер е само 4 бода и во останатите мечеве Гвардиола веројатно ќе направи ротации во составот за средбите од ФА Куп и Лигата на шампионите во август. 

Кај Сити нема повредени фудбалери, откако Лапорт и Сане се опоравија за домакините, а Германецот може да го има првиот настап од август наваму. Кај Арсенал ќе недостасуваат единствено Лукас Тореира и Калум Чејмберс. 

Микел Артета изјави дека се надева познавањето на граѓаните ќе му помогне бидејќи тие се неговиот бивш тим, кој е во серија од 6 победи по ред над лондончани во сите натпреварувања и доминира сериозно во ова ривалство во последно време. 

Серхио Агуеро има 10 гола во последните 12 меча против топчиите, но главното прашање е дали паузата се е одразила на Рахим Стерлинг, кој нема гол во 12 меча по ред. Кевин де Брујне ќе сака да покаже, дека ја зачувал формата, во која беше и пред прекинот. 

Арсенал влезе во принудниот одмор во добра серија – 4 победи и 4 ремија во првенството во 2020-та, но тимот има потреба од победи, за да ги зголеми шансите за место во Топ 4. Представите како гости не се за пофалба, а пак за голови ќе треба да се смета на Пијер-Емерик Обамејанг, бидејќи Александар Лаказет не постигнал гол во последните 13 гостувања во шампионатот. 

Мечот е тежок за прогнозирање заради состојбата и формата на двата тима. Домакините сепак се фаворити. 

Резултат: Манчестер Сити – Арсенал 3:1