ИнтерСасуоло, меч од 27-то коло на Серија “А”, стадион: “Џузепе Меаца”, почеток: 19.30 часот

Веројатни состави:

Интер: Хандановиќ, Шкринијар, Де Врај, Бастони, Кандрева, Барела, Валеро, Бираги, Ериксен, Мартинес, Лукаку
Тренер: Антонио Конте

Сасуоло: Консили, Мелдер, Ферари, Кирикеш, Кириакопулос, Обијанг, Локатели, Берарди, Џуричиќ, Бога, Капуто
Тренер: Роберто Де Зебри

Прогноза на transfermarket.mk:

Се очекува од 1-ата минута тренерот на Интер да го игра Борха Валеро како партнер на Николо Барела во средината на теренот. Стефан де Врај ќе го зачува стартното место, додека Кристијано Бираги и Антонио Кандрева ќе започнат по крилата за сметка на јануарските засилувања Ешли Јанг и Виктор Моузес.

Кристијан Ериксен пак ќе биде подршка на Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинес. Сасуоло е без казнетите Марлон, а Педро Обијанг ќе го заземе местото во средината на теренот на Мехди Бурабија.

Во првиот меч сезонава Интер го победи вечерашниот противник со драматични 4:3, со што ја прекина црната серија од 5 меча по ред без победа над тој ривал. Може да звучи и чудно, но во последните години Сасуоло е еден од најнезгодните ривали за Интер во калчото. Во последните четири меча на “Џузепе Меаца” гостите славеа на три, а последниот заврши нерешено.

Нашата прогноза е дека Интер ќе стави крај на негативната серија и ќе слави.

Прогноза: Интер – Сасуоло 3:1