ВолфсбургБаерн Минхен, меч од последното 34-то коло на германската Бундеслига. Стадион “Фолксваген Арена”, 15.30 часот.

Тимот на Баерн Минхен:
Голмани: Нојер, Улрих
Дефанзивци: Алаба, Ернандес, Боатенг, Павар, Дејвис, Одриосола, Ричардс
Среден ред: Кимих, Горецка, Мартинес, Коман, Гнабри, Милер, Казанс, Кутињо
Напаѓачи: Левандовски, Перишиќ, Циркзее, Арп, Вријдт
Повредени: Зюле (неподготовен), Толисо, Тијаго

Прогноза на transfermarket.mk:

И двата тима имаат за што да играат, зошто евентуална победа или реми ќе ги остави “волците” на шестото место, кое ќе ги прати во подобра позиција при учеството во Лига Европа во однос со седмиот Хофенхајм.

Баварците ја освоија осмата титула по ред во Бремен, но денес ќе се обидат да го урнат сопствениот рекорд од пред близу половина век, кога Герд Милер и компанија ја завршија сезоната со вкупно 101 гол во шампионатот. Во моментов момците на Ханзи Флик се на квота од 96.

Дома “волците” имаат четири победи и четири ремија во 22 меча против најуспешниот германски клуб, со гол разлика 22:44. При последните четири гостувања тука минхенци славеа со вкупна гол разлика 13:2. Особено драматичен беше мечот тука во февруари 2018 година, кога баварците ги освоија трите бода со гол од пенал на Роберт Левандовски во 91-ата минута.

Во претодниот меч Волфсбург беше го зеде првиот бод во Минхен по 16 години и стави крај на тешката серија против Баерн. При последните десет гостувања тука баварците загубија само еднаш, славејќи осум пати.

Роберт Левандовски има 20 гола во 18 меча против волците.

Очекуваме отворена игра и многу динамичен фудбал, а нашата прогноза е дека шампионите ќе останат на чекор од сопствениот гол рекорд, завршувајки ја сезоната со јубилејни 100 голови.

Резултат: ВолфсбургБаерн Минхен 2:4