Барселона – Леганес, меч од 29-тото коло на Ла Лига, стадион “Ноу Камп”, 22:00 часот. 

Тимот на Барселона

Голмани: Тер Штеген, Нето, Пења

Дефанзивци: Семедо, Пике, Лангле, Роберто, Умтити, Фирпо, Араухо, Мончу

Среден ред: Ракитиќ, Бускетс, Артур, Де Јонг, Видал, Пуч,

Напаѓачи: Суарес, Меси, Гризман, Брејтвејт, Фати, Коладо

Прогнозата на transfermarket.mk:

Барселона започна ударно при рестартот на шампионатот во Шпанија и победата со 4:0 како гостин над Мајорка. тоа ќе донесе дополнителна самодоверба кај каталонците пред домашниот меч со Леганес. Артуро Видал, Мартин Брејтвејт, Жорди Алба и Лионел Меси беа стрелци на головите, со кои момците на Кике Сетиен ја зачуваа првата позиција на табелата и предноста од 2 бода пред Реал Мадрид. 

Денес Барселона мора да победи, бидејќи во следните два меча тимот ќе има тешки дуели – гостување на Севиља на 19 јуни и домашен дуел со Атлетик Билбао на 23 јуни.

Леганес доживеа пораз дома од Ваљадолид, заради кој тимот веќе е на 19-та позиција во Ла Лига. Освен тоа тимот на Хавиер Агире е со еднакви бодови со последниот Еспањол.

Аут за мечот е повредениот Осман Дембеле, додека Жорди Алба е казнет за натрупани жолти картони. Се очекува позицијата на Алба по левата дефанзивна страна да ја завземе Жуниор Фирпо. Не е исклучено да има и друга промена во одбраната линија на Кике Сетиен, бидејќи Клеман Лангле му помина казната и ќе биде на располагање на тренерот. 

Тренерот на Барса ќе треба да реши и дали Луис Суарес, кој остана на резервната клупа против Мајорка, ќе биде стартер. 

За Леганес најверојатно нема да игра Аргентинецот Александар Шимановски, кој има повреда на коленото. Сите останати фудбалери се на располагање на Агире.

Резултат: 3:0