БарселонаАтлетико Мадрид, дерби на 33-тото коло во шпанската Ла Лига. Стадион “Ноу Камп”, 22.00 часот.

Веројатни состави:

Барселона: Тер Штеген, Пике, Ленгле, Семедо, Алба, Бускетс, Ракитиќ, Видал, Меси, Гризман, Суарес
Повредени: Де Јонг, Дембеле
Казнети: Нема
Под знак прашалник: Сержи Роберто

Атлетико Мадрид: Облак, Хименес, Фелипе, Лоди, Ариас, Ерера, Ломар, Саул, Јоренте, Феликс, Коста
Повредени: Врсаљко, Ермосо
Казнети: Савиќ, Коке

Прогноза на transfermarket.mk:

Шампионите запишаа две ремија во последните три кола и си ги намалија шансите во борбата за титулата со лидерот Реал Мадрид, кој веќе води со два бода. 

Особено болно беше ремито во Виго, каде Барса тотално ја надигра Селта во првото полувреме, но не успеа да материјализира, а потоа прими гол во 88-ата минута.

“Бандата на Чоло” пак се наоѓа во одлична форма, славеше во последните четири кола, при тоа прими само еден гол. Типично за Атлетико последните три победи беа само со еден гол разлика…

“Блаугранас” демонстрираа многу проблеми во одбраната, но на свој терен веќе имаат четири меча без примен гол. Тимот не го почувствувал вкусот на поразот во последните 28 меча на “Ноу Камп” во Ла Лига.

Во вкупно 165 меча во првенство Барселона води со 75:50 во победи и гол разлика 320:242. Последната победа во шампионатот (2:1) на “јорганџиите” против каталонците е од 14 февруари 2010 година.

Потоа беа одиграни 19 дуели во Ла Лига и во нив јорганџиите изборија само пет ремија. Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне сеуште не го познава вкусот на победата против Барса во првенството.

Во последните 12 меча во шампионатот меѓу двата тима на овој стадион домакините имаат цели 10 победи и ниту еден пораз. Очекуваме силна битка и минимална победа за Лео Меси и компанија.

Резултат: БарселонаАтлетико Мадрид 2:1