Баерн МинхенБорусија Менхенгладбах, дерби на 31-то коло на германската Бундеслига. Стадион “Алијанц Арена”, 18.30 часот.

Баерн Минхен:
Голмани: НојерУрлих
Дефанзивци: Алаба, Ернандес, Боатенг, ПаварДејвис, Одриосола
Среден ред: Мартинес, Кимих, Горецка, Коман, Гнабри, Казанс
Напаѓачи: Перишиќ, Циркзее, Арп
Повреденини: Зурле (неподготовен), Толисо, Тиаго, Кутињо, (стомачен вирус)

Казнети: Милер, Левандовски

Прогноза на transfermarket.mk:

Баварска машина руши рекорд по рекорд и игра во одлична форма.

Денес шампионите ќе имаат тешка задача, зошто се без казнетите асови Томас Милер и Роберт Левандовски, кои во Леверкузен добија пети жолт картон. Милер е најдобар асистент со 20 асистенции, а Полјакот е најдобар стрелец со 30 голови.

Во исто време “ждребчињата” галопираат со доста атрактивна игра. Во декември минатата година Гладбах му го нанесе вториот и засега последен пораз на тренерот на Баерн, Ханзи Флик, кој најдобар во клупската историја по број на победи (24) по првите 27 средби.

Во последните шест сезони (заедно со 2019/20) Борусија Менхенгладбах има позитивен баланс против најславниот германски тим – 5:4 победи во одиграни 11 меча од шампионатот. Гладбах е единствениот тим, кој зел цели 17 бода против гигантот на Германија во овој временски период.

Баварците освоија само осум од последните 20 натпревари со овој противник, кој славеше на фантастичен начин со 3:0 при последната посета на стадионот “Алијанц Арена”.

Баерн постигнал 49 победи и 29 ремија во изиграните 103 меча од шампионатот, со гол разлика 196:130. На свој терен минхенци имаат 36 победи и само четири порази, но во последните осум средби со Гладбах тука тие имаат само три победи и три порази. Против никој друг тим Баерн не примал толку многу голови.

Очигледно е многу тешко да се направи прогноза на овој меч. Недостатокот на публика и на без двајцата “баварски” асови во нападот Милер и Левандовски одат во корист на гостите, кои по традиција не се плашат да играат против рекордерот по трофеи во Германија. Прогнозираме на реми го голови.

Резултат: Баерн Минхен – Борусија Менхенгладбах 2:2