Баерн МинхенАјнтрахт Франкфурт, полуфинален меч во Купот на Германија. Стадион “Алијанц Арена”, 20.45 часот.

Баерн Минхен:
Голмани: Нојер, Урлих
Дефанзивци: Алаба, Ернандес, Боатенг, Павар, Дејвис, Одриосола
Среден ред: Мартинес, Кимих, Тиаго, Горецка, Коман, Гнабри
Напаѓачи: Милер, Левандовски, Перишиќ, Циркзее, Арп
Повреденини: Зурле (неподготовен), Толисо, Кутињо, Казанс (стомачен вирус)

Прогноза на transfermarket.mk:

Баерн е голем фаворит на хартија, но така беше и пролетта 2018 година, кога двата тима играа во финалето. Тогаш “орлите” постигнаа сензационална победа со 3:1 и му го загорчија пензионирањето на славниот тренер Јуп Хајкенс.

Рекордерот по бројот на освоени купови на Германија, Баерн Минхен го брка својот 20-ти трофеј и 24-тото учество во финалето. Ајнтрахт е трет по освоени купови (5) на Германија, заедно со Шалке. Франкфуртци имат две изиграни финалиња во претходните три сезони, што важи и за Баерн.

Баерн и Ајнтрахт се сретнале пет пати на турнирот и “орлите” имаат две победи. Во полуфиналето во 1974 година со 3:2 против еден од најсилните состави на минхенци. 

Во следните три средби франкфуртци не успеваат да постигнат ниту еден гол, губејки со 0:1 во првото коло во 1989 година (Хајнкес е на чело на баварците, Клаус Аугенталер постигнува гол од 50 метри), со 0:1 во финалето во 2006 година (гол на Клаудио Пизаро) и со 0:4 во осминафиналето во сезоната 2009/10, кога стрелаат Мирослав Клозе (два пати), Томас Милер и Лука Тони.

Во сите натпреварувања баварците имаат предност од 63:33 победи, при гол разлика 238:169. Во последните шест судири во сите турнири Баерн води со 4:2 во победи, но минатиот ноември загуби со 5:1 во Франкфурт и тоа доведе до отказ на Нико Ковач.

Споменатиот пораз беше најтежоко за минхенци во последната декада, а ако ја додадеме и неверојатната победа на Ајнтрахт во финалето пред две години, момците на Ади Хутер воопшто не се за отпишување. Во Минхен гостите имаат сериозни потешкотии и постигнале само едно реми во последните 15 посети.

Резултат: Баерн Минхен – Ајнтрахт Франкфурт 3:1