Астон Вила – Челси, меч од 30-тото коло на Премиерлигата, стадион „Вила Парк”, 17:15 часот, судија Пол Тиерни

Повредени за Астон Вила: Енгелс, Весли, Хијтон, Гилбер
Под знак прашалник за Астон Вила: Макгин
Без право да игра за Астон Вила: Дринкватер
Казнет за Челси: Жоржињо
Повредени за Челси: Томори, Ходсон-Одој

Прогноза

Астон Вила стартуваше со бод на рестартот на сезоната, макар што стигна до него со доста среќа, откако системот на голлинијата не призна гол на Шефилд Јунајтед. 

Бирмингеци секако имаат потреба од бодови, но против Челси ќе им биде много тешко, независно од тоа, што за лондончани ова ќе биде првиот меч по паузата. 

Четата на Франк Лампард изгледа дека е во доста подобра позиција да слави, иако во 2020-а година нема победа далеку од дома во првенството – 3 ремија и пораз. Нголо Канте ќе биде стартер, а и Рубен Лофтис-Чејк е опоравен од сериозната повреда, заради која не играше долго време. 

Вила ќе има можност пак да направи нешто, што се случи единствено во 1986-87 и беше направено од Тотенхем. Бирмингемци можат да станат првиот тим по петлите, кои славеле на меч од елитата во секој ден од неделата. 

Против Шефилд Јунајтед избраниците на Дин Смит стартуваа добро и создадоа неколку шанси, но не успеаа да се ги реализираат

По силната серија од 6 победи по ред есента, Челси игра колебливо, а сега незнаеми ниту во каква форма се наоѓа.

Како играч Франк Лампард освои само 4 од своите 16 гостувања на „Вила Парк”, но сега располага со доста искуство. Оливие Жиру сака да дава голови против бирмингемци, и постигнал 8 гола во 6 меча.

Сините бараат задолжителна победа, за да побегнат 5 бода пред Манчестер Јунајтед и Вулверхемптон и би било сериозна сензација, ако не успеат тоа да го постигнат. 

Резултат: Астон Вила – Челси 0:2