Во првиот контролен натпревар во подготвителниот период за почеток на новата сезона во мак-фудбалот Пелистер го совлада Борец со минимални 1-0 (0-0), а стрелец на единствениот гол беше Спиркоски во 80. минута. 

Шанса за настап добија сите фудбалери на Штерјовски и Михајлов, вклучувајќи ги и новите засилувања во двата табора.