Академија Пандев оствари убедлива победа од 3:0 против второлигашот Осогово и умаше успешен тест.

Натпреварот се одигра на спортскиот комплекс „Горан Пандев“ во Струмица, а стрелци на головите беа Велиновски во 12-тата минута, Никола Серафимов во 50-тата минута и Мишов во 82-тата минута од средбата.

Никола Серафимов во деби настапот за пандевци запиша гол и најави дека ќе бде големо засилување за струмичани.