Новото раководство на бугарскиот второлигаш, Спартак Варна, и во време на епидемија, ќе инвестира во тренинг камп и во младите надежи.

Такви се плановите на новиот шеф и сопственик на пицерија Асен Миланов, како и на неговата екипа.

Во целиот план се предвидува обновување на еден стар тренинг центар, каде тренирљат детско – младинските формации на клубот изградба на друг сосема нов.

Претходно игалиштето било дадено на концесија на долг период (пракса која се покажа како неуспешна и во Македонија) и се очекува да има подобруваања.

Од клубот ја разгледуваат и варијантата за полуинтернатни паралелки, тоа значи децата да тренират и да живеат во кампот.

Главната задача е клубот да има силна школа, и се поголем број на деца да ги зголемат фудбалските знаења и да тренираат во клубот.

Еве на овој начин бугарски второлигаш вложува во своите млади категории, додека поголем дел од македонските прволигаши ги одржуваат своите младински школи бидејќи мораат за да исполнат услов да се натпреваруваат.