Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта верува, дека „каталонците“ ќе слават на претстојното дерби со Реал Мадрид и ги повика фановите на тимот да го исполнат цел „Камп Ноу“.

На натпреварот со Динамо Киев, имаше дозвола “Камп Ноу” да биде исполнет 100%, но на стадионот дојдоа само 45 968 фанови, што е половина од капацитетот.

„Имам добро претчувство. Славевме на два натпревари по ред, играчите се опоравуваат од повреди, Агуеро и Фати се вратија. Домакини сме и сакам да ги повикам фановите да дојдат, зошто натпреварот ќе биде одличен. Ќе биде празник, ако успееме да го победимр Реал. Оптимист сум и съм уверен, дека Барселона ќе слави“, изјави Лапорта.

Лајкнете ја нашата страна на Facebook ТУКА