Фудбалската федерација на Македонија ги информира сите засегнати страни дека согласно Одлуката на У.О. за прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020 во сите категории, вклучително и Прва МФЛ, летниот преоден рок почнува на 15. јуни и ќе трае до 31. август 2020. година.

Фудбалската федерација на Италија исто така утврди нов период за предстојниот летен трансферен период.

Промената беше направена заради пандемијата од коронавирус, која наложи запирање на сезоната за повеќе од три месеца во средината на март.

Сезоната во Серија “А” треба да биде рестартирана на 20 јуни.

Трансфер пазарот по планот требаше да се отвори на 1 јуни и да се затвори на 2 септември, но заради промената на програмата на калчото фудбалските клубови на Апенините ќе можат да реализираат договори за нови играчи од 1 септември до 5 октомври.